Meltem Bulur
05 Март 2018•Ажурирај: 06 Март 2018
АНКАРА (АА) - Властите на Република Турција, побараа од властите на Германија, да го приведат и да им го испорачаат поранешниот лидер на терористите на ПЈД/ПКК, Салих Муслум, јавува Anadolu Agency (AA).
Надлежното одделение на турското Министерство за правда, побара од Германија да го лиши од слобода, и на Турција да ѝ го испорача Муслум, за кого е подигната постапка пред Кривичниот суд во Анкара, како еден од обвинетите за терористичкиот бомбашки напад, изведен на 13 март 2016 година на автобуска станица во Анкара, во кој животот го загубија 36 лица, а ранети беа 349.
Поранешниот лидер на терористите на ПЈД/ПКК, Муслум, минатата недела беше приведен во Чешка, а судот во Прага го пушти на слобода, одбивајќи го барањето на Турција. Изминатиот викенд, Муслум се појавил и им се обратил на приврзаниците на терористичката група ЈПГ/ПКК во Берлин, Германија.
Муслум, поранешен лидер на ПЈД, сириски огранок на терористичката организација ПКК, е еден од најбараните терористи во Турција.
Министерството за внатрешни работи на Турција, за негово приведување има распишано и парична награда во износ од околу 1 милион долари.