Ekip
16 Август 2022•Ажурирај: 18 Август 2022
ЛОНДОН - Германскиот канцелар Олаф Шолц повторно го отфрли предлогот на неколку европски земји за запирање на издавањето на туристички визи на руските граѓани за влез во Европската унија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шолц на маргините на состанокот во Осло со лидерите на нордиските земји рече дека е важно „да се сетат дека голем број бегалци кои избегале од Русија“ се критичари на Кремљ и дека руската инвазија на Украина „е војна на рускиот претседател Владимир Путин, а не на рускиот народ“.
„Важно е да сфатиме дека има многу луѓе кои бегаат од Русија бидејќи не се согласуваат со ставот на рускиот режим“, додаде Шолц.
Финската премиерка Сана Марин изјави дека на руските граѓани не би требало да им биде дозволен влез во ЕУ сѐ додека руската војска „убива луѓе во Украина“.
Литванија и Естонија, балтичките членки на ЕУ, веќе воведоа забрана за издавање на визи за руските туристи и ги повикаа другите земји, членки на ЕУ, да го следат нивниот пример.
Естонската премиерка Каја Калас минатата недела на социјалната мрежа Твитер објави дека „да се посети Европа е привилегија, а не човечко право“.