Ömer Tuğrul Çam
13 Јануари 2021•Ажурирај: 13 Јануари 2021
БРИСЕЛ
Меликан Кучам, политичар на крајно десничарската партија во Белгија е осуден на осум години затвор поради незаконско издавање на „хуманитарни визи“, со што остварил материјална корист, јавува Агенција Анадолија (АА).
Кучам, поранешен градски советник на крајната десничарска партија Нова фламанска алијанса (N-VA) во градот Мехелен, е обвинет за „продажба на хуманитарни визи за 2.150 до 7.500 евра по лице“, на Суријаните од Сирија и Ирак.
Судот го казни на осум години затвор, а освен тоа ќе мора да врати и 696.000 евра, кои нелегално ги заработил.
Неговиот адвокат, кој тврди дека неговиот клиент е невин, изјави дека ќе се жали на судската одлука.
Освен Кучам, казнети се и неговата мајка и син поради соучество во нелегалното издавање на визите. Мајката е осудена на 40 месеци затвор, а синот на четири години.
Барањата за хуманитарна виза во Белгија се инаку бесплатни, а административната такса изнесува 350 евра.
Кучам е уапсен на почетокот на 2019 година под обвинение дека оствари профит, додека Суријаните, припадници на заедницата на која и сам припаѓа, ги донесувал во Белгија. Овој политичар добил пари за додавање на голем број на лица на листата за визи.
За време на судската постапка, која е покрена поради корупција која е откриена на една телевизија, Кучам покрај корупцијата е обвинет и за трговија на луѓе.