Hale Türkeş
17 Мај 2016•Ажурирај: 18 Мај 2016
ВИЕНА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, на синоќешната вечера со турски бизнисмени во Виена, тој го повтори ставот дека Анкара нема да го промени својот закон за антитероризам, обвинувајќи дека притисокот по ова прашање од страна на ЕУ претставува „потикнување на тероризмот”, јавува Anadolu Agency (AA).
Во неговиот говор на вечерата одржана синоќа со турските бизнисмени во Виена, каде што допатува поради состанокот на министри за разговори за Либија, Чавушоглу истакна дека Турција нема да попушти поради притисокот од страна на ЕУ за промена на законот за тероризам, во замена за слободното безвизно патување во Шенген зоната.
„Притисокот за промена на законот за антитероризам во време кога се бориме против ПКК и ДАЕШ се сведува на поддршка на тероризмот. Ние нема никогаш да си предадеме таков товар”, истакна Чавушоглу.
Европската комисија на 4-ти мај предложи патување без визи во Шенген зоната за турските граѓани како дел од договорот за запирање на бранот бегалци кон Европа од страна на Турција, во замена за забрзување на кандидатското членство на земјата во ЕУ.
Меѓу петте преостанати услови за Турција со цел добивање на добивање на безвизно патување, ЕУ повика на менување на законот за тероризам - барање критикувано и одбиено од страна на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Минатата среда, Европскиот парламент го прекина процесот за визна либерализација за турските граѓани во Шенген зоната, наведувајќи го неуспехот на Турција за исполнување на потребните критериуми.
Чавушоглу ги критикуваше двојните стандарди што ги применува ЕУ, велејќи дека одредени земји станале членки и покрај неуспехот за исполнување на барањата за тоа.
„Вие (ЕУ) дадовте безвизно патување на земји кандидати дури и без да ја започнете преговарачката фаза. Зарем, според ова, турските граѓани немаат право да го уживаат истото право”?
„Ние зборуваме за безвизно патување а не за членство”, рече тој.
Велејќи дека без Турција, ЕУ не може да стане глобална сила и да ги реши економските проблеми, Чавушоглу повика на разумност во разговорите во врска со визите.
„Со ЕУ во врска со визите ќе разговараме на разумен начин. Треба да направиме мапа на патот: Секој ќе си ги одржи своите ветувања”, рече тој.