Etem Geylan,Emin İleri
17 Мај 2016•Ажурирај: 18 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека прашањето на сириските бегалци во Турција никогаш не претставувало, ниту ќе претставува средство за дипломатски маневри, ниту стекнување на било каква корист, јавува Anadolu Agency (AA).
Откако минатиот месец беше домаќин на 13 Самит на претседателите на земјите на Организацијата за исламска соработка (OIC), денес е домаќин на Третиот состанок на министрите на водостопанството на OIC а во воведното излагање на учесниците Ердоган наласи дека договорите и потпишаните документи за решавањето на проблемите во водостопанството мораат да се имплементираат
Истакнувајќи дека средбата на ресорните министри на земјтие на OIC во Истанбул се одржува во важен период сите поголеми кризи за ресурсите за водата за пиење и се почести природни катастрофи предизвикани од водите. Нагласувајќи дека меѓународната соработка се наметнува како нужна во областа на водостопанството, Ердоган рече дека средбата на министрите е прилика да се направи чекор повеќе и ветувањата да се претворат во дела. Додаде дека Турција е спремна на тој исчекор.
„Ние треба да го имплементираме Документот на Водостопанската визија кој е потпишан оа ваков состанок на министри 2012 година. Посебно укажувам на проблемот дека се состануваме, потпишуваме докименти, но дека не ги спроведуваме содржините на тие документи. Очекуваме на оваа средба да биде воспоставен Совет за водостопанство кој ќе работи на интензивирање на соработката во овој ресор и ќе допринесе за благосостојбата и безбедноста во муслиманскиот свет", изјави Ердоган.
Осврнувајќи се на војната која веќе шест години трае во соседна Сирија, Ердоган рече дека Турција згрижи три милиони бегалци и дека тие бегалци никогаш не ги користела како средство или алатка за стекнување на некаква корист, ниту за дипломатски маневри.
„Ние на прашањето на згрижување на сириските бегалци гледаме исклучиво низ призмата на обврска дека брат на братот во тешките денови треба да му помогне и да му ги отвори вратите. Драмата која бегалците ја преживуваат во европските земји произлегува од тоа што тие земји на проблемот на бегалците гледаат низ друга призма. Доколку се работи за можности, тие земји имаат многу поголеми можности од нас. Познато е дека Европската унија за визна либерализација пред Турција постави услов да ги подобриме условите за животот на бегалците и се обврза за тоа да даде три милијарди евра. Ние тоа веќе го правиме шест години и секако дека ни е драго доколку таквата помош дојде од ЕУ која тоа до сега не го правеше. Таа помош не е за нас, туку за сириските бегалци. Сега тоа се претставува како дека се работи за помош на Турција. Од нас бараат некои проекти, а ние веќе ги реализираме тие проекти" , рече Ердоган.
Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган изјави и дека Турција од почетокот на војната во Сирија на згрижување на бегалците потроши повеќе од 10 милијарди долари, но дека тоа е само половина од реалната цифра бидејќи таа не ја содржи помошта која невладините организации ја пружиле или најниските нивоа на власт.
„Зборуваме за секојдневни трошоци. Три милиони луѓе се во нашата земја и фала му на Бога никој не е гладен. Фала му на Бога, сите ги згриживме", рече Ердоган појаснувајќи дека најавените три милијарди евра помош само ќе ги подобрат условите во кои бегалците престојуваат.
Ердоган додаде и дека „кога ќе го оставам дволичниот и неискрен пристап на земјите на ЕУ по страна, пак морам да речам дека за бегалците мораат да се грижат исламските земји".
Истакнувајќи дека најголем проблем на светот денес е дволичниот и неискрениот став наспроти терористичките организации, Ердоган рече дека тој проблем е најголемата сила на терористите.
„Земјите кои ја држат индустријата за одружје , на терористите им даваат оружје. Еднаш веќе нека речат 'доста, не повеќе.' На сите ни е познато од кои земји е оружјето кое терористите го поседуваат во рацете“, рече турскиот претседател.
Ердоган понатаму наведе дека нема релевантна адреса во меѓународната заедница, вклучувајќи ја САД и Русија на која Турција не отишла и предложила во северниот пограничен појас на Сирија да се воспостави безбедна зона за спас на загрозените цивили.
„Сите рекоа дека тоа е супер и дека тоа е добро, но никој не рече и ајде да го направиме тоа.На ист начин предупредувавме и на тоа дека на терористите мора да им се запре дотурот на оружје и муниција. Сега дел од тоа оружје е вперено кон нашата земја. Но, знајте дека утре терористите тоа оружје можат да го вперат и кон земјите од кои им е дојдено тоа оружје. Еве веќе сега ве предупредувам на тоа. Тоа е карактерот на тероризмот", рече Ердоган.
Нагласувајќи дека Турција со истата решителност се бори против сите терористички групи во регионот, Ердоган рече дека турските сили ќе ја продолжат борбата против ДАЕШ, ПКК, ПЈД, ЈПГ како и другите групи кои се закана по мирот и безбедноста во регионот, но и целиот свет.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека во наредниот понеделник и вторник во Истанбул ќе биде одржан и Светскиот хуманитарен самит и ја повика меѓународната заедница да се здружи во процесот на решавање на глобалната хуманитарна криза.