Emre Gürkan Abay
21 Август 2017•Ажурирај: 22 Август 2017
МОСКВА (АА) - САД соопштија дека ќе ги запрат сите активности за доделување визи во Русија, освен за имигрантите од таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото обраќање на амбасадата на САД во Москва се вели дека поради барањето од страна на Русија за намалување на бројот на американски дипломати во оваа земја, донесена е одлука со којашто од 23 август ќе биде запрено доделувањето на сите видови визи, освен за имигрантите од Русија.
Во соопштението се вели дека од 1 септември, доделувањето визи во американската амбасада во Москва повторно ќе биде нормализирано, додека доделувањето визи во конзуларните преставништва во останатите градови во Русија се запира на неопределено време.
Како реакција на новите санкции што ги воведоа САД, Русија побара САД да го намалат бројот на дипломатски претставници во Русија.