Emel Öz Gözellik
21 Август 2017•Ажурирај: 22 Август 2017
АНКАРА (АА) - Поројните врнежи од дожд кои го зафатија источниот дел на Индија предизвикаа поплави и свлечишта во коишто животот го загубија најмалку 250 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Врз основа на информациите добиени од единиците за управување со катастрофи, локалните медиуми објавија дека поплавите и свлечиштата предизвикани од поројните врнежи од дожд им го одземале животот на 250 лица во државата Бихар, на истокот од Индија.
Официјалните претставници соопштија дека поројните дождови зафатиле приближно 7.000 села, при што најмалку 400.000 лица беа принудени да ги напуштат своите домови.
Се претпоставува дека најмалку 13 милиони лица се засегнати од поплавите во југоисточна Азија.
Во меѓувреме, во индиските медиуми се објавени вести во коишто се вели дека повеќе од 120 лица го загубија животот во поплавите предизвикани од монсунските дождови коишто минатиот месец ја зафатија земјата.
Сезоната на монсуни во Индија завршува во септември.