Qais Omar Darwesh Omar
15 Август 2022•Ажурирај: 17 Август 2022
РАМАЛА (АА) - Четворица палестински затвореници ветија дека ќе го продолжат штрајкот со глад во знак на протест против нивниот неопределен притвор без судење од страна на Израел, соопшти локална невладина организација, јавува Агенција Анадолија (АА).
Меѓу затворениците кои штрајкуваат е и Калил Авауде, кој штрајкува со глад веќе 165 дена, се вели во соопштението на Палестинското здружение на затвореници.
Како дел од прекинот на огнот со посредство на Египет, со што прекина неодамнешната израелска офанзива врз Газа минатата недела, Каиро рече дека ќе се обиде да обезбеди ослободување на затвореникот Авауде и на припадникот на Исламски џихад, Басам ал-Саади.
Израелските власти го префрлија Авауде во болница во четвртокот бидејќи неговото здравје се влоши.
Невладината организација соопшти дека уште двајца затвореници започнале штрајк со глад пред девет дена во знак на протест поради нивниот административен притвор без обвинение или судење.
„И Арап-Израелец штрајкува со глад петти ден по ред во знак на протест поради неговото притворање“, се вели во соопштението, додавајќи дека притвореникот е хоспитализиран бидејќи му се влошила здравствената состојба.
Со години, Палестинците затворени од Израел ги користеа овие протести за да бараат подобри услови за живот и прекин на неопределените притвори.