Ayşe Hümeyra Atılgan
02 Март 2017•Ажурирај: 02 Март 2017
БРИСЕЛ (АА) - Европскиот парламент денес ја повика Европската комисија да воведе визен режим за граѓаните на САД кои ги посетуваат европските земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Во моментот, граѓаните од Бугарија, Хрватска, администрацијата на кипарските Грци, Полска и Романија не можат да патуваат во САД без виза, иако американските граѓани можат без виза да ги посетуваат земјите на ЕУ.
На денешната пленарна сесија на Европскиот парламент, пратениците гласаат за необврзувачката одлука, повикувајќи ја Европската комисија да воведе визен режим за граѓаните на САД.
Се очекува Комисијата да ги усвои потребните правни мерки во рок од два месеца.
Во согласност со механизмот за визен реципроцитет, Австралија, Брунеите и Јапонија го укинаa визниот режим за граѓаните на ЕУ, а Канада објави дека во декември ќе го стори истото.