Atila Altuntaş
02 Март 2017•Ажурирај: 03 Март 2017
СТОКХОЛМ (АА) - Откако во 2010 година беше укинато, Шведска објави дека од јануари 2018 година воведува задолжително служење на воен рок, јавува Anadolu Agency (AA).
Служењето на воен рок повторно стапува на сила на 1. јануари 2018 година. Од Владата на оваа земја ја потврдија информацијата, појаснувајќи дека ќе бидат опфатени млади лица родени во 1999 година.
Исто така, се истакнува дека од 13.000 момчиња, врз основа на физичката и психичката подготвеност ќе бидат избрани 4.000. Служењето воен рок, кој во Шведска важеше само за машки лица, беше укинато во 2010 година.
Шведската државна телевизија „СВТ“ наведе дека оваа одлука игра важна улога во напнатоста меѓу Русија и НАТО.