Hakan Çopur
29 Јуни 2017•Ажурирај: 29 Јуни 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера постави нови критериуми за барателите на виза од шест земји во кои живее мнозинско муслиманско население, односно кои имаат „органска поврзаност со лице или организација во САД“, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција „Associated Press“ (Асошиетед прес), повикувајќи се на извори во Министерството за надворешни работи на САД, јавува дека новите правила во таа земја ќе се применуваат од денес наутро.
Според тоа, граѓаните на Сирија, Иран, Сомалија, Либија, Судан и Јемен при аплицирање за виза мора да достават документ за блиските роднини кои живеат во САД, или потврда за засновување работен однос во легална компанија.
Во соопштението на министерството се наведува дека ќе се разгледува дали подносителите на барањето за виза имаат во САД родители, сопружници, деца, зет, снаа, браќа или сестри кои во земјата престојуваат легално.
Се додава дека бабите или дедовците, тетките, чичковците, вујковците, останатите роднини, вереници и други членови на фамилијата припаѓаат во втор степен на поврзанот и дека не може да се вбројуваат во блиски роднини, и според тоа таквите барања нема да се земаат на разгледување.
Оваа нова уредба донесена е во согласност со одлуката на Врховниот американски суд донесена пред два дена и нема да се однесува на оние кои во моментов имаат валидна американска виза.
Освен тоа, овие нови правила, освен во одредени ситуации, ќе се однесуваат на државјаните на сите земји кои бараат азил во САД.
Врховниот суд на САД соопшти дека претходните забрани на американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со влезот во САД на државјаните на шест мнозински муслимански земји, делумно ќе останат во сила.