Selçuk Acar
29 Јуни 2017•Ажурирај: 29 Јуни 2017
ЊУЈОРК (АА) - Поради шумски пожар што избувна во американската сојузна држава Аризона, во округот Јавапаи, прогласена е вонредна состојба, јавува Anadolu Agency (AA).
Пожарот што избувна во Националната шума Прескот, во Аризона, продолжува да се шири. Пламените јазици со помош на ветерот со брзина и до 56 километри на час зафати подрачје од 8.300 хектари.
Гувернерот на Аризона, Даг Дуси, прогласи вонредна состојба во Јавапаи, а затворени се и сите главни патишта кои водат кон градот Прескот.
Во Мајер и Дјуи-Хумболт евакуирани се околу 6.000 луѓе.
Со огнената стихија се борат околу 500 пожарникари, а еден од нив е повреден.
Во шумскиот пожар што изби во Аризона во 2013 година, животот го загубија 19 пожарникари.
Пожари се појавија и во западниот дел на САД каде што е причинета значителна материјална штета, а евакуирани се неколку илјади лица.
Во пожарот што изби во северниот дел на Лос Анџелес изгореа многу куќи.
Пожарот во Сан Луис Обиспо го зафати и имотот на ѕвездата на популарната серија "Big Bang Theory" Џони Галецки.
Во сојузната американска држава Јута изгореа 13 куќи, а евакуирани се 1.500 лица кои се наоѓаа во скијачкиот центар.
Пожар се појави на три места и во сојузната американска сржава Вашингтон.