свет

Германија ги добила снимките за убиството на Кашоги од Турција

„Можам да ви кажам дека имаше размена на информација на разузнавачката служба во врска со тоа“, изјави порпаролот на германската канцеларка, Штефан Зиберт

Ayhan Şimşek  | 12.11.2018 - Обновена : 13.11.2018
Германија ги добила снимките за убиството на Кашоги од Турција

Berlin

БЕРЛИН (АА) - Германските власти го потврдија споделувањето на разузнавачки информации помеѓу Турција и Германија во однос на снимките за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, јавува Anadolu Agency (AA).

Запрашан во врска со наводите на медиумите во текот на викендот, портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел потврди дека добиле информација од Турција.

„Можам да ви кажам дека имаше размена на информација на разузнавачката служба во врска со тоа“, изјави Штефан Зиберт на редовната прес-конференција, но одби да изнесе други детали.

Во саботата, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека Анкара ги споделила снимките поврзани со убиството на Кашоги со Саудиска Арабија, САД, Германија, Франција и со Велика Британија.

Саудискиот новинар Кашоги, колумнист на „Вашингтон пост“ („The Washington Post“), беше убиен на 2 октомври во просториите на саудискиот Конзулат во Истанбул.

По неколкунеделно негирање каква било вмешаност, Саудиска Арабија призна дека Кашоги бил убиен во Конзулатот, но наведе дека кралското семејство не знаело за заверата за негово убиство.

Досега, за поврзаност со убиството во Саудиска Арабија се уапсени 18 лица, меѓу кои и безбедносни службеници.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın