свет

Германија: Уапсен помошникот на пратеникот на АфД под сомнение дека шпионирал за Кина

Осомничениот, идентификуван само како Џијан Г., работел за пратеникот на АфД, Крах, како помошник во Европскиот парламент од 2019 година

Ayhan Şimşek  | 23.04.2024 - Обновена : 24.04.2024
Германија: Уапсен помошникот на пратеникот на АфД под сомнение дека шпионирал за Кина

БЕРЛИН (АА) - Парламентарниот помошник на истакнатиот член на десничарската партија АфД, Максимилијан Крах, е уапсен под сомнение дека шпионирал за Кина, објавија денес германските власти, пренесува Анадолу.

Осомничениот, идентификуван само како Џијан Г., работел за пратеникот на АфД, Крах, како помошник во Европскиот парламент од 2019 година, објави јавната телевизија АРД, повикувајќи се на истражителите.

Федералното обвинителство соопшти дека се верува оти осомничениот е „вработен во кинеската тајна служба“ и дека е обвинет за извршување шпионски активности во Европскиот парламент.

„Обвинетиот во јануари 2024 година, повеќе пати пренесувал информации за преговорите и одлуките во Европскиот парламент на неговиот клиент од разузнавачката служба. Тој, исто така, ги шпионирал членовите на кинеската опозиција во Германија за разузнавачката служба“, се наведува во соопштението на обвинителството.

Во понеделникот во источниот град Дрезден е уапсен Џијан Г., а полицијата го пребарала домот на осомничениот при што запленила разни документи и електронски уреди, јавија локалните медиуми.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın