Ekip
29 Јули 2020•Ажурирај: 29 Јули 2020
КАРАЧИ
Пакистански војник е убиен во прекуграничен напад од соседен Авганистан, соопшти денеска војската, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Инцидентот - последен во нападите врз безбедносните сили - се случи во племенската област Баџур, која граничи со Авганистан“, се вели во соопштението на Пакистанската армија.
„Терористите нападот го извршија од преку границата врз безбедносните сили во Баџур. Во нападот загина пакистанскиот војник Наик Сами Улах“, се вели во соопштението.
Исламабад тврди дека Техреек-е-Талибан Пакистан (TTP), некогаш со седиште во племенскиот регион на Пакистан, пред почетокот на воениот напад во 2014 година, формира бази преку границата за да ги нападне пакистанските безбедносни сили.
Во извештајот на ОН од минатата недела се вели дека над 6.000 пакистански бунтовници одговорни за нападот на пакистанската воена база и цивилните цели, се кријат во Авганистан.
Односите меѓу Пакистан и Авганистан одамна се затегнати бидејќи двете страни меѓусебно се обвинуваат за засолнување на милитантни групи.