Fahri Aksüt
29 Јули 2020•Ажурирај: 30 Јули 2020
АНКАРА
Турското Министерство за надворешни работи ја критикуваше одлуката на Советот за безбедност на ОН (СБОН) со која се продолжува мандатот на мировните сили на кипарскиот остров, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството соопшти дека продолжувањето на мандатот за шест месеци, едногласното усвојување на Резолуцијата 2.537 (2020) без согласност на кипарските Турци е против правилата и принципите на ОН.
„Мировните сили на Обединетите нации во Кипар (UNFICYP) треба да направат правен договор со кипарските власти во врска со нивното присуство на островот“, се вели во соопштението на Министерството.
Турција потврди дека и покрај правните недостатоци, УНФИКИП ги продолжуваат своите активности на островот само преку добронамерниот пристап на Турската Република Северен Кипар (TRNC) и Анкара ја поддржува изјавата на Министерството за надворешни работи на Турската Република Северен Кипар за ова прашање.
Во соопштението се вели дека станува збор за ситуација која тера на размислување тоа што Советот за безбедност повикува на соработка помеѓу двете страни на островот, исто така го игнорира прашањето за правично споделување на ресурсите на јаглеводороди како една од областите на соработка.
Министерството соопшти дека Турција во неколку наврати истакнала дека прашањата поврзани со Источниот Медитеран може да се решат преку соработка за ресурсите на јаглеводород од страна на турските и грчките Кипарци, како рамноправни партнери на островот.
Во соопштението се додава дека со истото разбирање можно е да се воспостави директен контакт-механизам помеѓу воените власти, наведени во одлуката на Советот меѓу командата за безбедносни сили на Турската Република Северен Кипар и нејзиниот грчки еквивалент.
Министерството соопшти како што е наведено во последниот извештај на УНФИКИП на генералниот секретар на ОН, дека главната пречка за непостоењето ефективна соработка меѓу двете страни е загриженоста од страна на кипарските Грци да ја признаат страната на кипарските Турци, со други зборови, да ги прифатат како еквивалентен партнер.
Се нагласува дека менталитетот на грчката кипарска страна е причината зошто напорите за решение на островот биле бесконечни повеќе од 50 години.
Се додава дека пристрасните изјави во врска со решението на кипарското прашање во одлуката, за жал, го поттикнуваат непомирливиот став на грчката страна.
Турција е земја гарант за Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и постојано го оспорува едностраното дупчење на кипарската администрација на Јужен Кипар во Источниот Медитеран, тврдејќи дека ТРСК исто така има права на ресурсите во областа.
Во 1974 година, по пучот кој имаше за цел анектирање на Кипар од страна на Грција, Анкара мораше да интервенира како земја гарант. Во 1983 година беше основана Турската Република Северен Кипар.
Со децении се појавуваа неколку обиди за решавање на кипарскиот спор, но завршуваа со неуспех. Последниот одржан во 2017 година во Швајцарија со учество на земјите гаранти - Турција, Грција и Велика Британија - заврши без напредок.