Bayram Altuğ,Fatih Erel
20 Ноември 2016•Ажурирај: 21 Ноември 2016
МОН ПЕЛЕРИН (AA) - Во 09.15 часот по локално време, во швајцарскиот градот Мон Пелерин започна втората рунда на преговори со посредство на Обединетите нации (ОН) за изнаоѓање решение за кипарското прашање, јавува Anadolu Agency (AA).
На преговорите којшто се оддржуваат во хотелот „Ле Мирадор“ учествувуаат претседателот на Турска Република Северен Кипар, Мустафа Акинџи, лидерот на грчкиот дел на Кипар, Никос Анастасидиас, и Специјалниот советник за Кипар на Генералниот секретар на ОН Еспен Барт Иде. Во преговорите учествуваат и турскиот преговарач Оздил Нами, грчкиот преговарач Андреас Мавројанис како и портпаролите Бариш Бурџу и Никос Христодулидис.
Преговорите во првата рунда започнаа со ракување меѓу лидерите, но овој пат на прашањето во врска со поздравувањето одговорот беше „подоцна“.
Во случај на договор во врска со критериумите на територијалните одредби, турската страна на Кипар ќе побара гаранторите Турција, Велика Британија и Грција да организираат конференција под назив „Безбедност и гаранција“, на која ќе се бара дефиниратње на прашањата којшто бараат решение.
- „Решението зависи од ставот на лидерот на грчкиот Кипар“ -
Од друга страна, претседателот на Турската Република Северен Кипар, Акинџи рече дека целта за постигнување на решение во 2016 година зависи од ставот на грчкиот лидер. Тој исто така нагласи дека е загрижен поради изјавите на Анастасијадис и грчкиот премиер Алексис Ципрас во врска со гаранторите.
Кипарското прашање е составено од 6 основни потточки: Европска Унија, имот, поделба на власта, територија и безбедност и гаранција.
Последниот ден од преговорите од правата рунда, којшто се одржаа од 7-11 ноември меѓу лидерот Акинџи и Анастасиадис, грчкиот лидер ситакна дека турската страна има потреба од време за да се отвори.