Fatih Erel
22 Ноември 2016•Ажурирај: 23 Ноември 2016
МОН ПЕЛЕРИН (АА) – Од страна на ОН вчера беше соопштено дека мировните преговори за Кипар, коишто се одвиваа со посредништво на ОН, вчера завршија без решение откако не се дојде до конкретни чекори за решавање на спорот, јавува Anadolu Agency (AA).
Лидерот на кипарските Грци, Никос Анастасијадес и водачот на кипарските Турци, Мустафа Акинџи, беа дел од дводневните преговори за кипарското прашање.
„И покрај нивните напори, тие не беа во можност да се приближат доволно до критериумот за територијално приспособување што ќе го отвори патот за последната фаза на преговорите“, беше соопштено од страна на ОН.
„Бескомпромисниот став на кипарските Грци и грчката страна резултираа со неуспешни преговори за повторно обединување“, изјави портпаролот на претседателот на кипарските Турци, Бариш Бурџу, на вчерашната прес-конференција по завршувањето на преговорите.
Кипарските Турци не воочија добра намера од грчката страна, додаде Бурџу.
Прашањето на територијата беше едно од најтешките на дневниот ред.
И покрај убеденоста дека двајцата лидери се блиску до постигнување договор за површината на територијата што ќе биде управувана од страна на владата на Турската Република Северен Кипар, постојат уште спорови за тоа кои градови и села треба да бидат вклучени во територијата.
Секој евентуален договор би значел прецртување на постоечките граници и потенцијално раселување на илјадници жители од нивните домови, 42 години откако многу лица беа раселени кога островот беше поделен за првпат.
Бурџу изјави дека понудата на кипарските Турци за територијално приспособување е тие да имаат 29,2 отсто од островот.
Лидерите на кипарските Турци и Грци се обидуваат да постигнат конечен договор за да го видат островот повторно обединет по 40 години.
Акинчи и Анастасиадис се сретнаа во Мон Пелерин за првиот круг на преговорите, на почетокот од овој месец. Тие се вратија во неделата за да се дооговоорат за територијалните приспособувања за двете држави. Сепак, двајцата лидери одбија да се ракуваат за фотографија на почетокот на нивните последни разговори.
Доколку може да се постигне договорот за територијални измени, се очекува преговарачите да го објават датумот за конечниот самит меѓу кипарските Турци и кипарските Грци и трите други држави вклучени во процесот: Турција и Грција, како и Обединетото Кралство.