Qays Abu Samra,Safiye Karabacak
22 Ноември 2016•Ажурирај: 22 Ноември 2016
РАМАЛА (АА) – Израелските сили усмртија еден Палестинец на контролниот пункт Календија, на Западниот Брег, под изговор дека се обидел да изврши напад со нож, јавува Aandolu Agency (AA).
Портпаролот на израелската полиција, Луба Самри, во писмена изјава тврди дека Палестинец се обидел со нож да ги нападне израелските сили на контролниот пункт Календија. Тој пренесе дека израелските сили отвориле оган кон Палестинецот, при што тој починал на местото на настанот.
Се дознава дека усмртениот Палестинец, Џихад Мухамед Саид Халил бил на 48-годишна возраст.
Претходно, Министерството за здравство на Палестина излезе со писмена изјава во која се вели дека еден Палестинец е ранет од страна на израелските сили на контролниот пункт Календија.
Израелските војници по настанот го затворија контролниот пункт за сообраќај на одредено време.
Расте бројот на случаи во кои израелските сили напаѓаат Палестинци со изговор дека се обидуваат да извршат напад врз нив со нож.