Gamze Türkoğlu Oğuz
16 Август 2019•Ажурирај: 18 Август 2019
ИСЛАМАБАД (АА) – Убиен е еден пакистански војник како резултат на отворање оган од индиските војници врз Контролната линија во регионот Џаму и Кашмир, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Војската на Пакистан, генерал-мајор Асиф Гафур, на својот твитер-профил напиша: „Во градот Бутал уште еден храбар син на оваа земја го загуби својот живот додека беше на должност на Контролната линија.“
Гафур рече дека пакистанскиот војник го загубил животот како резултат на отворање оган од страна на индиските безбедносни сили.
Пет индиски, тројца пакистански војници и двајца цивили загинаа во судирот што се случи вчера на Контролната линија во Џаму и Кашмир, која се наоѓа меѓу Пакистан и Индија.
Напнатоста меѓу Индија и Пакистан продолжува да ескалира откако администрацијата во Њу Делхи на 5 август го укина членот 370 од Уставот, кој овозможуваше привилегии на Џаму и Кашмир повеќе од половина век и специјален статус во регионот.
Индија испрати илјадници безбедносни сили во Џаму и Кашмир, а исто така воведе и строги безбедносни ограничувања во регионот.