свет

Во поплавите во Судан загинаа 46 луѓе

Обилните дождови, а потоа и поплавите, зафатија 16 од 18 судански држави

Nilay Kar  | 16.08.2019 - Обновена : 17.08.2019
Во поплавите во Судан загинаа 46 луѓе ( Foto: Ömer Erdem / AA )

КАРТУМ (AA) – „Поплавите предизикани од обилните врнежи од дожд во последните две недели во Судан однесоа најмалку 46 животи“, соопштија во четвртокот здравствените функционери, пренесува Anadolu Agency (AA).

Сулејман Абдел Џаба, потсекретар на Министерството за здравство на Судан, додаде дека обилните дождови, а потоа и поплавите, зафатија 16 од 18 судански држави.

Истакна дека е утврдено дека со поплавите се погодени дури 9.260 домови, од кои 595 се потполно уништени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın