Emel Öz Gözellik
18 Јуни 2018•Ажурирај: 18 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - И покрај одлуката на Индија донесена на почетокот на месецот на постот, Рамазан, за ставање крај на операциите што ги извршува во Џаму и Кашмир?, и понатаму се извршуваат напади во ова подрачје, во кои животот го загубија 41 лице, а 91 лице се повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите на локалните медиуми, властите соопштија дека во Џаму и Кашмир се извршени голем број напади и покрај одлуката за ставање крај на операциите во текот на Рамазан.
Се истакнува дека во извршените напади животот го загубија 41 лица, додека 91 лице се повредени, од кои 62 цивили и 29 војници.
Министерот за внатрешни работи на оваа земја, Раџнатх Сингх, претходно соопшти дека безбедносните сили ќе ги преземат потребните мерки за спречување на активностите на бунтовниците.