Betül Yürük
16 Август 2019•Ажурирај: 19 Август 2019
ЊУЈОРК (AA) – Весникот „Вол Стрит Журнал“ („Wall Street Journal“) пишува дека функционерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати одржуваат тајни состаноци на кои разговараат за Иран, кој го сметаат за заедничка закана, пренесува Anadolu Agency (AA).
Повикувајќи се на неименувани американски функционери, весникот пишува дека израелските и емиратските делегации се состануваат тајно под покровителство на Соединетите Американски Држави (САД) и така разменуваат информации за Иран.
Истиот извор јавува дека првиот таков состанок напролет го организирал специјалниот американски пратеник Брајан Хук, а дека неодамна е одржан и нов состанок.
Израел поради палестинското прашање во арапскиот свет има воспоставено дипломатски односи само со Египет и Јордан.