Rabia İclal Turan
23 Декември 2020•Ажурирај: 23 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Тројца полицајци се убиени, а уште еден е ранет откако кон нив пукал маж во централна Франција, додека се обидувале да ѝ помогнат на жена која пријавила семејно насилство, потврди полицијата денес, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Инцидентот се случил во близина на градот Сент-Жист на полноќ, откако полицијата добила повик за семејно насилство.
На полицајците пукал маж (48) додека се приближувале кон куќата за да ѝ помогнат на жената.
Истрагата е во тек, бидејќи мажот и мотивите за пукањето сè уште не се познати.