Muhammed Emin Canik,Sinan Doğan
23 Декември 2020•Ажурирај: 24 Декември 2020
БУЕНОС АИРЕС
Повторно во подем е бројката на смртни случаи предизвикани од заразеност со новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа од последиците предизвикани од Ковид-19 во Бразил починаа 968 лица, во Мексико 897, во Аргентина 257, во Колумбија 251, во Перу 45, во Чиле 20 и 30 во Гватемала.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 968 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 188.259. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 55.202, зголемувајќи го вкупниот број позитивни на коронавирусот на 7.318.821.
По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја оздравеа 6.354.972 лица што претходно биле позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 897 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 12.511 новозаразени.
Во Мексико, со популација од 126 милиони жители, досега се регистрирани 119.495 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 1.338.426. Во оваа земја досега оздравеа 996.302 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико се наоѓа на 13. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 257 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка се зголеми на 42.254. Во истиот период детектирани се 8.141 новозаразен, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.555.279.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.379.726 лица заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 11. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 251 лице, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 40.931.
Во последните 24 часа детектирани се 12.526 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 1.530.593. Во оваа земја досега оздравеа 1.394.374 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 12. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 45 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 963 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се искачи на 1.000.153, од кои починаа 37.218 лица, а оздравеа 936.182 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 20 лица од вирусот Ковид-19, а регистрирани се 2.191 новозаразен.
Во Чиле, со популација од над 19 милиони жители, вкупната бројка на починати од Ковид-19 изнесува 16.217, вкупната бројка на заразени се искачи на 589.189, од кои 1.701 во последните 24 часа, додека оздравеа вкупно 559.845 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Гватемала
Според податоците што ги објавија медиумите во Гватемала, во изминатите 24 часа регистрирани се 30 смртни случаи предизвикани од заразеност со Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на починати на 4.718. Во истиот период детектирани се 734 новозаразени, вкупно 133.601 од почетокот на заразата.
Досега во оваа земја оздравеа 121.936 лица кои претходно биле позитивни на коронавирусот.