свет

Во терористички напад во Мали убиени 31 лице

- И покрај странските воени мисии што се стационирани во Мали од 2013 година, терористичките организации во земјата продолжуваат со напади.

Fatma Esma Arslan  | 04.12.2021 - Обновена : 06.12.2021
Во терористички напад во Мали убиени 31 лице Фото: Илустрација / АА

ДАКАР

Во терористички напад на село во африканската држава Мали животот го загубија 31 лице, известува Агенција Анадолија (АА).

Н‘Динде Онгоиба, претставник на локалната власт од градот Бандиагара, изјави дека вчера е извршен вооружен напад во селото Сонго Гаре, оддалечено 10 километри од Бандиагара.

Онгоиба напомена дека терористите нападнале автобус со кој патуваат трговците што секој петок одат на пазар во селото, а потоа го запалиле автобусот.

Наведувајќи дека во нападот животот го загубиле 31 лице, Онгоиба рече дека во нападот се повредени 9 лица.

Регионот Сахел познат како „граница на 3 држави“ - Буркина Фасо, Мали и Нигер, последните години е изложен на нападите на ДЕАШ и групите поврзани со терористичката организација Ал-Каеда.

И покрај странските воени мисии што се стационирани во Мали од 2013 година, терористичките организации во земјата продолжуваат со напади.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın