свет

Во куќа во Германија пронајдени 5 тела

- Весникот „Маркише алгемајне“ (Maerkische Allgemeine) објави дека меѓу мртвите се наоѓаат и три деца

Erbil Başay  | 04.12.2021 - Обновена : 05.12.2021
Во куќа во Германија пронајдени 5 тела Фото: Илустрација / АА

БЕРЛИН 

Во куќа во округот Зенциг во германската покраина Бранденбург пронајдени се 5 тела, известува Агенција Анадолија (А).

Луц Миерш, портпарол на Јужниот регионален директорат на полицијата на Бранденбург, изјави дека 5 тела се пронајдени во куќа во Зенциг.

Миерш наведе дека се претпоставува дека станува збор за самоубиство. Одделот за убиства започна истрага во врска со настанот.

Весникот „Маркише алгемајне“ (Maerkische Allgemeine) објави дека меѓу мртвите се наоѓаат и три деца.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın