свет

Индонезија: 13 загинати во ерупцијата на вулканот Семеру

- Тринаесет лица го загубија животот во ерупцијата на вулканот Семеру во провинцијата Источна Јава во Индонезија

Şeyma Uzundere  | 05.12.2021 - Обновена : 06.12.2021
Индонезија: 13 загинати во ерупцијата на вулканот Семеру

ЏАКАРТА 

Тринаесет лица го загубија животот во ерупцијата на вулканот Семеру во провинцијата Источна Јава во Индонезија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според вестите што ги објави „Стрејтс тајмс“ (Straits Times), по вчерашната ерупција на вулканот Семеру во регионот Лумајанг, висок 3.676 метри, 11 околни населби биле покриени со густа пепел и чад. Од ерупцијата се погодени 11 села во околината на вулканот.

Абдул Мухари, службеник во Националната агенција за управување со катастрофи, во писмено соопштение објави дека по ерупцијата 13 лица ги загубиле животите, додавајќи дека само двајца од нив било можно да се идентификуваат.

Покрај тоа, Мухари навел и дека од експлозијата се повредени 98 лица и дека на повеќето од нив им била укажана помош поради изгореници.

Од друга страна, се истакнува дека голем број села се прекриени во темнина поради чадот и пепелта од вулканот, а 902 лица се евакуирани во безбедни подрачја.

Спасени се и 10 работници кои останале затрупани во рудникот во кој работеле во моментот на вулканската ерупција.

Индонезија, која се наоѓа во таканаречениот „Огнен појас“ во Пацификот, во кој земјотресите и вулканските ерупции се честа појава., има околу 130 активни вулкани.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın