свет

Русија тврди дека извидувачките авиони на НАТО летале на рутите на цивилните авиони над Црното Море

- „Зголемувањето на густината на НАТО-авионите во близина на границата на Русија, вклучително и на подрачјето на Црното Море, создава опасни ризици за цивилните авиони“, наведено е во соопштението на Росавијација

Dmitri Chirciu  | 05.12.2021 - Обновена : 06.12.2021
Русија тврди дека извидувачките авиони на НАТО летале на рутите на цивилните авиони над Црното Море

МОСКВА

Руската Федерална агенција за воздушен сообраќај (Rosaviatsiya) тврди дека извидувачки авион на НАТО летал на рутите на цивилните авиони, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Росавијација се наведува дека извидувачки авион на НАТО, од типот „CL-600“, на 3 декември прелетал над водите на Црното Море на висина од 9.200 метри и ја прелетал рутата во воздушниот сообраќај одредена за цивилните авиони.

Се наведува дека споменатиот авион не реагирал на предупредувањата.

„Зголемувањето на густината на НАТО-авионите во близина на границата на Русија, вклучително и во подрачјето на Црното Море, создава опасни ризици за цивилните авиони“, наведено е во соопштението.

Руската авиокомпанија „Аерофлот“ исто така објави дека патничкиот авион од типот „A330-300“, што на 3 декември го изврши летот Тел Авив - Москва, добил инструкција за промена на висината на која лета. Наводно тоа се случило поради тоа што преку истата рута преминувал друг авион.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın