свет, Коронавирус

САД: Омикрон-варијанта забележана во 12 сојузни држави

- Здравствените власти во Њујорк истакнаа дека има 8 нови случаи откриени во оваа држава, а станува збор за граѓани кои не патувале во последно време. Тврдат дека тоа е показател дека новата варијанта се шири

Esin Eşkinat Sayılgan  | 05.12.2021 - Обновена : 06.12.2021
САД: Омикрон-варијанта забележана во 12 сојузни држави

ЊУЈОРК

Омикрон-варијанта на коронавирусот, прв пат откриена во Јужноафриканската Република, досега е забележана кај најмалку 20 лица во 12 американски сојузни држави, јавува Агенција Анадолија (АА).

Омикрон-варијанта, која на подрачјето на Соединетите Американски Држави (САД) прв пат се појави во Калифорнија, забележана е и во државите Колорадо, Хаваи, Мериленд, Масачусетс, Минесота, Мисури, Небраска, Њу Џерси, Њујорк, Пенсилванија и Јута.

Наведено е дека некои од заразените лица патувале во земјите на југот на Африка, додека некои не патувале.

Ниту еден од заразените во САД нема тешка клиничка слика и не е за хоспитализација, но се предупредува дека инфекцијата со Ковид-19 со текот на времето може да стане потешка.

Здравствените власти во Њујорк истакнаа дека има 8 нови случаи откриени во оваа држава, а станува збор за граѓани кои не патувале во последно време. Тврдат дека тоа е показател дека новата варијанта се шири.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın