Bedrudin Brlyavac
13 Јануари 2018•Ажурирај: 14 Јануари 2018
САРАЕВО (АА) - Три лица загинаа, а 45 се повредени, во судар на автобус и автомобил во Хоромјержице, град во северозападното предградие на Прага, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата информираше дека во несреќата загинале возач на автомобил и двајца патници.
„Во сударот загинаа три лица, возач на автомбил и две лица кои се наоѓале во автобусот“, изјави портпаролката на полицијата Моника Шиндлова.
Таа истакна дека во несреќата се повредени 45 лица, од кои петмина се потешко повредени.