AP
13 Јануари 2018•Ажурирај: 14 Јануари 2018
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Индиската морнарица трага по хеликоптерот кој исчезна над Арапското Море, јавува Anadolu Agency (AA).
Хеликоптерот во кој се наоѓале 7 лица, од кои двајца пилоти и петмина работници на државната нафтена компанија, полетал од аеродромот во Џуху, близу Мумбај.
Портпаролот на индиската морнарица, капетан Д. Шарма изјави дека авион и неколку бородови учествуваат во потрагата по исчезнатиот хеликоптер кој ги превезувал работниците на нафтена компанија.
Локалните медиуми наведуваат дека пилотот набргу по полетувањето од аеродромот Џуху, близу Мумбај го загубил контактот со контролата на летање.