Gülşen Topçu
04 Декември 2020•Ажурирај: 04 Декември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Војската на Саудиска Арабија сруши беспилатно летало на јеменското бунтовничко движење на Хусите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на просаудиската коалиција за интервенција во Јемен, Турки ал Малики, изјави дека во непријателското летало имало експлозив, и дека е срушено во јужниот дел на Саудиска Арабија.
Саудиската новинска агенција (SPA) јавува дека бунтовниците од Јемен имале намера да извршат напад врз населените места во јужниот дел на Садудиска Арабија, но дека нападот е спречен со навремена интервенција на саудиските противвоздушни сили.
Од јеменското бунтовничко движење на Хусите не се огласија за случајот.
Јемен е средиште на судири од 2014 година, кога Хусите, поддржани од Иран, зазедоа поголем дел од земјата, вклучително и главниот град Сана.
Конфликтот ескалираше следната година кога Саудиска Арабија и нејзините арапски сојузници започнаа голема воздушна кампања за враќање на освоените подрачја од Хусите, поддржувајќи ја просаудиската Влада на земјата.
Се проценува дека во војната во Јемен животот го загубиле повеќе од 100.000 лица, а Обединетите нации предупредуваат дека во земјата владее најголемата хуманитарна криза во светот со милиони луѓе чии животи се загрозени поради глад и недостаток на основните услови за живот.