Betül Yılmaz
06 Јануари 2025•Ажурирај: 08 Јануари 2025
АНКАРА (АА) - Саудискиот министер за надворешни работи, принцот Фаисал бин Фархан, денес телефонски разговараше со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во врска со билатералните односи и регионалните случувања, пренесува Анадолу.
Саудиското Министерство за надворешни работи сооопшти дека разговорите се однесувале на регионалните случувања и напорите направени за ова прашање, без да се дадат дополнителни детали.
Засега нема коментар од американскиот Стејт департмент за разговорот.
Регионот на Блискиот Исток бележи ескалација на настаните во последните недели по падот на режимот на Башар ал-Асад во Сирија и геноцидната војна на Израел врз Газа, во која се убиени повеќе од 45.800 Палестинци, главно жени и деца, од 7 октомври 2023 година.