Said Amori
17 Јуни 2024•Ажурирај: 19 Јуни 2024
КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) - Либанската група Хезболах ги ескалира своите напади врз северниот израелски фронт, загрозувајќи ја иднината на Либан, соопшти израелската војска, пренесува Анадолу.
„Хезболах лансираше повеќе од 5.000 ракети, антитенковски ракети и експлозивни беспилотни летала од случувањата на 7 октомври“, рече портпаролот на војската Даниел Хагари на прес-конференција што ја емитуваше израелскиот Канал 12.
„Зголемената агресија на Хезболах нѐ доведува до раб на она што би можело да биде поширока ескалација, што може да има катастрофални последици за Либан и целиот регион“, рече тој.
Хезболах не даде коментар за изјавите на портпаролот на израелската војска.
Тензиите по должината на границата на Либан со Израел се зголемија со прекуграничните напади меѓу Хезболах и израелските сили додека Тел Авив продолжува со својата смртоносна офанзива врз Појасот Газа, во која загинаа повеќе од 37.300 луѓе од октомври минатата година по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас.