Dilara Hamit
04 Декември 2020•Ажурирај: 05 Декември 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот и јорданскиот министер за надворешни работи вчера одржале таен состанок за билатералните прашања на израелско-јорданската граница, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Израелскиот портал „Вала њуз“ објави дека израелскиот министер Габи Ашкенази и министерот на Јордан Ајман Сафади се сретнале во подрачјето на мостотот „Аленби“, попознат како мостот „Крал Хусеин“.
На состанокот станало збор за продолжување на преговорите меѓу Палестина и Израел, и за економските прашања меѓу Јордан и Израел.
На средбата, пренесено ѝ е на администрацијата на Аман дека новоизбраниот американски претседател Џо Бајден, по преземањето на функцијата, сака да го започне мировниот процес меѓу Израел и Палестина.
Откако веста се појави во израелските медиуми, јорданското Министерство за надворешни работи преку соопштение ја потврди средбата меѓу Сафади и Ашкенази.
Според соопштението на Министерството, Сафади на состанокот истакнал дека Израел треба да ги запре сите мерки што го поткопуваат мировниот процес и дводржавното решение.