свет

Во првиот месец оваа година на терористите на ЈПГ/ПКК им е нанесен тежок удар

Најмалку 45 терористи на ЈПГ/ПКК се неутрализирани во јануари 2020 година во операциите кои припадниците на безбедносните сили на Република Турција ги извршија во земјата и странство

Yunus Okur  | 03.02.2020 - Обновена : 03.02.2020
Во првиот месец оваа година на терористите на ЈПГ/ПКК им е нанесен тежок удар

ЕРЗУРУМ 

- Јунус ОКУР

Најмалку 45 терористи на ЈПГ/ПКК се неутрализирани во јануари 2020 година во операциите кои припадниците на безбедносните сили на Република Турција ги извршија во земјата и странство, јавува Агенција Анадолија (АА).

Акциите на турската војска и полиција против терористичката организација која настојува да ги наруши мирот и безбедноста на Турција, со високо темпо се продолжени и во првиот месец во оваа година, а во текот на јануари е нанесен тежок удар.

Според податоците до кои дојде АА, во нападите кои терористите на ЈПГ/ПКК ги извршија во јануари, животот го загубија 11 шехиди (маченици), припадници на турските безбедносни сили.

Истовремено, во воздушните и копнените операции во земјата и странство се неутрализирани 45 терористи.

Исто така, во акциите против ПКК организирани во неколку области во јануари, уапсени се 63 лица од 112 приведени.

Операцијата „Киран“, започната во август минатата година е завршена, а во неа се неутрализирани 144 терористи, додека на одредени подрачја е во тек операцијата „Капан“.

Со учество на жандармеријата, полицијата и другите припадници на безбедносните сили, на 11 јануари во Мардин, Турција, започната е операцијата „Капан-1 Багок“, на 12 јануари во Хатај операцијата „Капан-2 Аманос“, на 13 јануари во Хакќари „Капан-3 Кавакли“ и на 16 јануари во Батман „Капан-4 Мава“.

Припадниците на безбедносните сили, и покрај тешките зимски услови, продолжуваат одлучно да ги уништуваат засолништата на терористите.

Биланс на загинатите припадници на турската војска во терористичките напади извршени во јануари: 

- Во судирот кој изби на 3 јануари во Хафтанин, на северниот дел на Ирак, а во рамките на операцијата „Канџа 3“, загинаа двајца војници.

- На подрачјето на операцијата „Извор на мирот“ на 8 јануари, загинаа четири војници.

- Во судир со терористите на ПКК кој на 13 јануари изби на Хафтарин, загинаа двајца припадници на безбедносните сили.

- Во бомбашки напад извршен на 16 јануари за време на патрола на подрачјето на операцијата „Извор на мирот“, загинаа тројца турски војници.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın