Ekipa
02 Декември 2019•Ажурирај: 03 Декември 2019
ИДЛИБ (АА) - Режимот на Башар ал Асад изведе два воздушни напади врз два пазари во деескалационата зеона во Идлиб, во кои според првичните проценки животот го загубија 11 цивили, а најмалку 20 се ранети, јавува Агенција Анадолија (АА).
Воените авиони на режимот на Асад изведоа воздушни напади врз местата Маратинуман и Серакиб, и селата Хулубе, Руфа, Сирман, Кенаис, Тел Крисјан и Берсе во јужниот дел на Идлиб.
Претставниците на Цивилната заштита на Идлиб информираа дека авионите на режимот на Асад ги бомбардирале и пазарите во населените места Маратинуман и Серакиб.
Според првичните проценки, во нападот врз пазарот во Маратинуман животот го загубиле 10 лица, додека во нападот на пазарот во Серакиб загинало едно лице. Во двата напади загинаа вкупно 11 лица, а 20 се ранети.
Екипите на Цивилната заштита продолжуваат со своите спасувачки операции на местата на нападите и со активностите за отстранување на урнатините.
Од друга страна, според информациите добиени од Опсервацијата за набљудување на авионските летови на вооружената сириска опозиција, руските авиони од утринските часови вршат воздушни напади врз селата Кефер Сеџне и Хираки, јужно од Идлиб.
Од почетокот на октомври досега, нападите изведени од војниците на режимот на Асад, Русија и терористичките групи поддржани од Иран врз подрачјето на деескалационата зона во Идлиб, принудија приближно 62.000 цивили да се раселат.
Од потпишувањето на Договорот меѓу Русија и Турција на 17 септември 2018 година досега, од нападите на режимот и Русија во деескалационата зона во Идлиб животот го загубија над 1.300 цивили.
Бројот на мигранти што избегаа од местата на кои се спроведуваат интензивни напади кон релативно побезбедни места во близина на границата со Турција за една година надмина 1 милион.