Ali Abo Rezeg
02 Декември 2019•Ажурирај: 02 Декември 2019
РАМАЛА
Израелските сили притворија 11 Палестинци во синоќешните рации на Западниот Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на израелската Војска се истакнува дека Палестинците биле приведени поради „сомнение за вклученост во насилни активности“, без да се дадат одредени детали за природата на овие наводни активности.
Израелската Армија спроведува чести кампањи за приведување Палестинци низ Западниот Брег, како и во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс), со образложение за потрага по „барани“ Палестинци.
Според палестинските податоци, речиси 5.700 Палестинци, меѓу кои голем број деца и жени, моментално се наоѓаат во израелските притворни центри.