свет

Во напади на Талибанците во Авганистан загинаа 20 припадници на безбедносните сили

Портпаролот на полицијата на Тахар, Халил Есир, во изјавата дадена за медиумите рече дека милитантите ја нападнале областа Хоча-и Гар во Тахар

Sayed Khodaiberdi Sadat  | 30.03.2020 - Обновена : 30.03.2020
Во напади на Талибанците во Авганистан загинаа 20 припадници на безбедносните сили

КАБУЛ (АА) - Во напади извршени од страна на талибанските милитанти во покраините Тахар и Забул во Авганистан загинаа 20 припадници на безбедносните сили, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот на полицијата на Тахар, Халил Есир, во изјавата дадена за медиумите рече дека милитантите ја нападнале областа Хоча-и Гар во Тахар.

Истакнувајќи дека во нападот загинале 14 припадници на безбедносните сили и еден цивил, Есир рече дека се повредени и 5 припадници на безбедносните сили.

Од друга страна, Министерството за одбрана на Авганистан соопшти дека 6 припадници на безбедносните сили ги загубиле животите при нападот на милитантите врз полициската станица во областа Аргандаб, во покраината Забул.

Талибанците сѐ уште не дадоа никаква изјава во врска со двата напади.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın