Tuba Şahin
30 Март 2020•Ажурирај: 02 Април 2020
АНКАРА (АА) - Околу 672.300 луѓе се здобиле со државјанство на една од 27-те земји членки на Европската Унија (ЕУ) во 2018 година, објави денеска Евростат, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бројката во однос на државјанствата доделени во 2017 година (700.600 државјанства) е намалена.
Поголемиот дел од апликациите се поднесени од граѓани кои потекнуваат од земји кои не се членки на ЕУ, додека 13 отсто се поранешни државјани на друга земја членка на Блокот.
Најголемата група што се стекнала со државјанство на една од земјите членки на ЕУ во 2018 година, според земја на живеење, е групата од државјаните на Мароко (67.200 луѓе, од кои 84 отсто се стекнале со државјанство на Шпанија, Италија или Франција).
Следуваат Албанија (47.400, 97 отсто се стекнале со државјанство на Грција или на Италија) и Турција (28.400, 59 отсто се здобиле со германско државјанство).
Податоците на Евростат покажауваат дека Романците (21.500), Полјаците (13.900) и Италијанците (8.100) се трите најголеми групи граѓани на ЕУ кои се здобиле со државјанство на друга земја членка на Блокот.
Луксембург и Шпанија забележаа најголем пораст на одобрени државјанства, 40, односно 37 отсто.