Ekipa
30 Март 2020•Ажурирај: 31 Март 2020
ОВИЕДО (АА) - Шпанија веќе трет ден по ред регистрира над 800 смртни случаи во рок од 24 часа од коронавирусот, покажуваат податоците објавени од шпанското Министерство за здравство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во текот на последните 24 часа починале 812 лица, со што бројот на смртни случаи порасна на 7.340.
Заедно, Шпанија и Италија имаат околу половина од вкупните смртни случаи од Ковид-19 во светот, кои според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, надминаа 34.000.
Податоците покажуваат дека во Шпанија има околу 8.000 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број заразени се искачи на 85.195.
Вчера Шпанците ја оплакуваа смртта на 28-годишниот лекар, кој почина откако се зарази со вирусот.
Од петокот потврдено е дека речиси 10.000 здравствени работници во Шпанија се заразени.
Со новите смртни случаи, Шпанија го заостри мерките, прекинувајќи ги несуштинските активности како што е градежништвото.
Исто така, забранети се и погребите, сè додека не заврши состојбата на вонредна состојба во државата.
Мадрид, најтешко погодениот регион во Шпанија, го користи лизгалиштето во градот како привремена мртовечница. Сега во тек се активностите за претворање во мртовечница и на огромната зграда позната како „Градот на правдата“.