Mustafa Melih Ahıshalı
30 Март 2020•Ажурирај: 31 Март 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Со новите 117 смртни случаи во последните 24 часа во Иран од новиот вид коронавирус (Ковид-19), вкупниот број починати се зголеми на 2.757, додека бројот на дијагностицирани се искачи на 41.495, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство, Кијануш Џиханпур, преку иранската државна телевизија соопшти дека во изминатите 24 часа од вирусот Ковид-19 починале 117 лица.
Со тоа вкупниот број смртни случаи во земјата се зголеми на 2.757, додека бројот на заразени се зголеми за 3.186 и ја достигна бројката од 41.495.
Истакнувајќи дека состојбата на 3.511 заболени од Ковид-19 е тешка, Џиханпур рече дека 13.911 лица се излекувани од Ковид-19 и дека се пуштени од болница.
Соопштено е дека Ковид-19 во Иран за првпат беше детектиран на 19 февруари во градот Ком.