Sayed Khodaberdi Sadat
05 Јули 2019•Ажурирај: 07 Јули 2019
КАБУЛ (АА) - Најмалку 14 цивили загинаа на пазар во Фарџаб, во северниот дел на Авганистан, каде што е истрелан проектил, јавува Anadolu Agency (AA).
Керим Јуриш, портпаролот на полицијата на Фарџаб, потврди дека на пазарот во Хоџа Сабз Пош биле истрелани неколку минофрлачки гранати.
Наим Мусамим, шефот на болницата во Фарџаб, изјави дека загинале најмалку 14, а ранети биле 48 цивили.
Тој изјави и дека меѓу ранетите има животно загрозени и дека постои можност бројот на загинати да биде зголемен.