Sayed Khodaiberdi Sadat
17 Април 2020•Ажурирај: 18 Април 2020
КАБУЛ
Најмалку 6 лица загинаа во напад врз Авганистанци вработени во најголемата американска воздушна база во Авганистан, која се наоѓа во Баграм, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на гувернерот на Перван, Вахиде Сехкар, изјави дека неидентификуваните лица извршиле напад врз вработените во американската база која се наоѓа на подрачјето на Перван.
Тој потврди дека во нападот загинале 6, а дека ранети се 3 лица.
Сехкар изјави дека напаѓачите биле во бегство. Смета дека за нападот се одговорни Талибанците. Меѓутоа, сѐ уште никој не презеде одговорност.