Mahmoud Mohamed Barakat
17 Април 2020•Ажурирај: 17 Април 2020
АНКАРА
Во Иран, во изминатите 24 часа од последиците на заразување со Ковид-19 починаа 89 лица, со што вкупниот број на починати се искачи на 4.958, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство на Иран, Кијануш Џиханпур, соопшти дека во истиот период е забележано присуство на вирусот кај 1.499 лица.
Во Иран вкупниот број на заразени, со новите случаи, се зголеми на 79.494.
Џиханпур изјави дека во текот на изминатите 24 часа, 1.853 пациенти се излекувале и дека бројот на излекувани достигнал 54.064.
Тој истакна дека 3.563 заразени се наоѓаат во критична состојба, додека во текот на неделата е забележан пад во бројот на починати.