Aliia Raimbekova
17 Април 2020•Ажурирај: 20 Април 2020
АСТАНА
Вселенската капсула „Сојуз МС-15“, по завршувањето на својата шестмесечна мисија во Меѓународната вселенска станица, слезе на земјата, објави Руската федерална вселенска агенција (РОСКОСМОС), јавува Агенција Анадолија (АА).
Вселенската капсула со космонаутот Олег Скрипочка и астронаутите Џесика Мер и Ендрју Морган од Националната администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) во 11:16 часот по локално време падна во близина на казахстанскиот град Жесказган.
Откако членовите на вселенскиот екипаж беа извлечени од капсулата од страна на спасувачките екипи и им беше извршен лекарски преглед, ставија маски и одржуваа социјално растојание.
Во соопштението што го објави РОСКОСМОС се вели дека членовите на екипажот се во добра здравствена состојба.
Во Меѓународната вселенска станица во моментов се наоѓаат руските космонаути Анатолиј Иванишин и Иван Вагнер, заедно со астронаутот Кристофер Касиди.
НАСА, РОСКОСМОС, Европската вселенска станица (ESA), Канадската вселенска агенција (CSA) и Јапонската агенција за истражување на вселената (JAXA) заедно работат на Меѓународната вселенска станица, спроведувајќи вселенски истражувања и основни научни експерименти.