Ekipa
01 Јануари 2020•Ажурирај: 02 Јануари 2020
ИДЛИБ (АА) – Во напад на Асадовиот режим врз училиште во Идлиб загинаа 8 цивили, меѓу кои 4 деца, јавува Агенција Анадолија (АА).
Режимот на Асад, во првиот ден од новата година во месноста Сермин во градот Серакиб, на југот на Идлиб, нападна училиште со касетна бомба.
Екипите на Цивилната одбрана на Идлиб (Бели шлемови) соопштија дека во нападот на Училиштето „Селаме Абуд“ загинаа вкупно 8 цивили, од кои 4 деца, а повредени се 20 цивили.
Цивилната одбрана ги продолжи своите активности за пребарување и спасување на местото на настанот, а повредените се упатени во најблиските болници.
Постои загриженост дека бројот на загинатите можно е да се зголеми.
Од друга страна, опозициската опсерваторија истакна дека руските воени авиони го нападнале центарот на градот Идлиб и селата Кефер Сеџне и Маршимше.
Русија, во првите минути од новата година, го нападна центарот на градот Идлиб и селото Кефер Сеџне.
- Последната ситуација во деескалациската зона во Идлиб -
Северозападната сириска покраина Идлиб од самиот почеток на граѓанската војна е упориште на опозицијата.
Во моментов, популацијата на Идлиб, со внатрешната миграција достигна 4 милиони луѓе. Од март 2015 година се наоѓа под контрола на опозицијата. Идлиб е место кое е најмногу нападнато од страна на режимот.
Турција, Русија и Иран, на состанокот одржан во Астана на 4-5 мај 2017 година, Идлиб и околината ги прогласија за зона без судири.
Од потпишувањето на Договорот меѓу Русија и Турција на 17 септември 2018 година, до овој момент од нападите на режимот и Русија во деескалациската зона во Идлиб животот го загубија повеќе од 1.300 цивили.
Бројот на мигранти што избегаа од местата на кои се спроведуваат интензивни напади кон релативно побезбедни места во близина на границата со Турција и во областите ослободени од операциите „Маслинова гранка“ и „Штитот на Еуфрат“ за една година надмина 1 милион.