Seyit Aydoğan
02 Мај 2020•Ажурирај: 04 Мај 2020
ТОРОНТО (АА) - За првпат во Канада, за време на Рамазан е дозволено во џамиите и месџидите езанот да се учи преку звучници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Општините на градовите како Торонто, Едмонтон, Отава и Хамилтон, кои ги оценија барањата на муслиманската заедница поднесени на почетокот на Рамазан, дозволија езанот да се чита со звучник за време на Рамазан, за време на попладневната, икиндиската и акшамската молитва.
Сеид Тора, имамот на џамијата „Монтејн“ во Хамилтон, по петочната молитва даде изјава за дописникот на АА.
„Ова е историски момент за муслиманската заедница во Канада. Езанот е божествена покана до лицата за да клањаат. Многу е значајно да може сите да ја слушнат таа покана. За првпат се учи езан кој може да го слушнат соседите. Во моментот е дозволено езанот да се чита само за време на месецот Рамазан. Но нашите напори продолжуваат за да може езанот да се учи со звучници и по Рамазан“, нагласи имамот Тора.
Тора изјави дека истата дозвола може да се добие и за џамиите во другите градови доколку службениците во џамиите поднесат барање до општините.