Burak Bir
02 Мај 2020•Ажурирај: 03 Мај 2020
КАРТУМ (АА) - Во Африка има над 40.000 дијагностицирани случаи на коронавирусoт, покажуваат податоците на центрите за контрола и превенција на болести во Африка, објавени вчера, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На африканскиот континент се регистрирани 40.749 случаи и 1.689 смртни случаи од вирусот, додека 13.383 лица се излекувани.
Билансот на починати од новиот вид коронавирус се зголеми во неколку африкански земји.
Во изминатите 24 часа нови 358 случаи има регистрирано во Египет, 354 во Јужна Африка, 328 во Нигерија, 148 во Алжир, 146 во Мароко, 91 во Судан, 91 во Сенегал, 58 во Брегот на Слоновата Коска, 52 во Гвинеја Бисао, 42 во Гвинеја, 32 во Демократска Република Конго, 32 во Бенин и 22 во Централна Африканска Република, според податоците на веб-страницата „Worldometer“.
Ковид-19 однесе 14 животи во Египет, 13 во Јужна Африка, 10 во Нигерија, 5 во Судан, 4 во Кенија, 3 во Алжир и по 1 во Мароко, Брегот на Слоновата Коска, Демократска Република Конго, Бенин, Нигер и Буркина Фасо.
Бројот на починати се искачи на 453 во Алжир, 406 во Египет, 171 во Мароко, 116 во Јужна Африка, 44 во Буркина Фаса, 36 во Судан, 33 во Нигер, 32 во Демократска Република Конго, 21 во Кенија, 15 во Брегот на Слоновата Коска, а двајца починати од Ковид-19 се регистрирани во Бенин.
Вирусот Ковид-19 се прошири во 187 земји и региони откако откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан изминатиот декември. САД и Европа се најтешко погодени од вирусот.
Во светот се регистрирани над 3,34 милиони дијагностицирани случаи на Ковид-19, бројот на починати се доближува до 238.700, додека над 1 милион луѓе се излекувани, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.